ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА: 48-годишник фатен на дело!

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА: 48-годишник фатен на дело!

Полициска акција во Гостивар завршила со приведување на 48-годишен маж, откако при проверка кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а при последователниот претрес во неговиот дом биле откриени марихуана и дигитална вага.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 1 ноември, околу 00:40 часот по полноќ. Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Ј. (48) од Гостивар.

По приведувањето, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, како и во помошните простории. При претресот полицијата пронашла и одзела марихуана и дигитална вага.

Од МВР информираат дека случајот дополнително се документира, по што против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.