Драматични моменти се одвивале на лет на „Флајдубаи“ од Дубаи кон Тел Авив, кога еден од пилотите наводно го нападнал другиот пилот, по што авионот почнал нагло да губи висина.
Израелскиот патник Јанив Хајун раскажал дека успеал да влезе во пилотската кабина, каде затекнал еден пилот на подот, додека другиот бил кај командниот панел.
Според неговото сведоштво, со помош на уште двајца патници успеале да го совладаат осомничениот пилот, да го извлечат од кокпитот и да го задржат на подот.
Но драмата не завршила тука. Хајун веднаш се вратил во кабината и се обидел да ги преземе командите на авионот.
„Скокнав назад, ги фатив командите и почнав да ги повлекувам рачките“, раскажал тој.
Според објавените информации, авионот за околу една минута се спуштил од приближно 33.000 на 17.000 стапки – од околу 10.000 на 5.100 метри.
Кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прашал како знаел што треба да направи, Хајун одговорил:
„Гледам ‘Истраги на авионски несреќи’, господине премиере, навистина!“
Во авионот имало околу 170 патници. Поради сомневање дека станува збор за киднапирање, Израел подигнал борбени авиони, додека патничкиот авион подоцна безбедно слетал во Табук, Саудиска Арабија.
Двајцата пилоти биле хоспитализирани, а осомничениот бил приведен од саудиските власти. Останува да се утврди како ножот бил внесен во авионот и што точно се случувало во кокпитот.
Видео:







