ПРВ.мк
Црна Хроника

ЈЕЗИВИ ДЕТАЛИ ОД ХОРОРОТ НА РОДЕНДЕН: Таксист го изрешета таткото пред очите на синот, плачот на детето го обиколи светот!

ЈЕЗИВИ ДЕТАЛИ ОД ХОРОРОТ НА РОДЕНДЕН: Таксист го изрешета таткото пред очите на синот, плачот на детето го обиколи светот!

Сè започнало на 18 октомври 2025 година, кога семејството Антонов славело прв роденден на својата ќерка Кристина. На прославата присуствувале бабата и дедото, кои околу 20 часот решиле да тргнат дома, поради што повикале такси. Јевгениј, неговата сопруга Јекатерина и нивниот син излегле пред зградата да ги испратат, не насетувајќи дека вечерта ќе се претвори во вистински хорор.

Судирот избил кога роднините забележале дека таксистот прерано ја активирал опцијата за „платено чекање“ на апликацијата. Кога му приговориле, таксистот Никишин одбил да ги вози, тврдејќи дека групата е пијана, и почнал да се оддалечува. Меѓутоа, откако слушнал удар во своето возило, тој запрел, зел пиштол и се упатил кон семејството.

„Кога таксистот пријде, го удари свекор ми со рачката од пиштолот по главата и го собори на земја. Свекрвата и сопругот се обидоа да ги разделат“, раскажала Јекатерина.

На снимките што ги забележале минувачите се гледа општ хаос и турканица, за време на која возачот бил соборен на земја. Во тој момент, Никишин извадил нерегистриран несмртоносен пиштол и испалил најмалку четири хици директно во градите на Јевгениј Антонов.

„Тато! Тато!“ — Снимката го потресе светот

Додека ранетиот Јевгениј крвавел на асфалтот, минувачите го снимиле неговиот мал син како стои над него и очајнички вика: „Тато! Тато!“. Ова потресно видео брзо стана вирусно на социјалните мрежи и предизвика голем гнев кај јавноста.

Во болницата било утврдено дека Јевгениј има тешка прострелна рана во пределот на градите и сериозно оштетување на срцето. За време на престојот на интензивна нега дури двапати доживеал клиничка смрт, но лекарите со надчовечки напори успеале да му го спасат животот. Тој поминал еден месец на апарати за дишење пред да биде пуштен на домашно лекување.

Една од жртвите не ја дочека пресудата

Судењето на таксистот започнало во март оваа година. Обвинителството го товари Никишин за обид за убиство и закани по живот, барајќи ригорозна казна од 10 години и шест месеци затвор. Одбраната, пак, тврдеше дека таксистот пукал во самоодбрана за да се спаси од групата, поради што се обратија и до Александар Бастрикин, шефот на Истражниот комитет на Русија.

Трагичен пресврт во овој случај се случил пред самата пресуда — еден од нападнатите членови на семејството починал поради нагло влошување на здравствената состојба, без да ја дочека правдата.

Судот во Јекатеринбург на крајот го прогласи Никишин за виновен и го осуди на пет години затвор во казнена колонија со строг режим.