Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 42-годишна жена од Скопје, која е пријавена за исчезната неколку дена откако го напуштила домот на својата тетка.
Според информациите, на 21 август во Полициската станица Центар, М.М. (60) од Скопје пријавила дека нејзината внука А.С. (42) е исчезната.
Како што било наведено во пријавата, жената на 18 август околу 22 часот излегла од домот на својата тетка, по што не се вратила.
Во полициската пријава е наведено и дека исчезнатата жена е лице со здравствени проблеми.
Надлежните служби преземаат мерки и активности за нејзино пронаоѓање.







