ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата интервенираше во Велес: Приведена 41-годишна жена по напад врз татка си

Полицијата интервенираше во Велес: Приведена 41-годишна жена по напад врз татка си

Семеен инцидент во Велес завршил со полициска интервенција и приведување на 41-годишна велешанка, осомничена дека физички го нападнала својот татко.

Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил вчеравечер во нивниот семеен дом.

Како што е наведено, Ф.А. (41) од Велес физички го нападнала својот 70-годишен татко, по што случајот бил пријавен во полиција.

Полициски службеници интервенирале и околу 19:10 часот ја лишиле од слобода 41-годишната жена.

За настанот бил известен и јавен обвинител, а надлежните служби продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршувањето на постапката, против велешанката ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.