ПРВ.мк
Македонија

До 39 степени, но и силни бури: Променливо време во новата седмица

До 39 степени, но и силни бури: Променливо време во новата седмица

Промена на времето се очекува на почетокот од новата седмица, а понеделник ќе донесе локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за град.

Според прогнозата, во текот на следните денови дневните температури постепено ќе се намалат за неколку степени, но и понатаму ќе остане топло до многу топло.

Во понеделник, 24 август, времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 31 до 38 степени.

Во вторник, 25 август, повторно ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Максималните температури ќе достигнат до 39 степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во среда, 26 август, се очекува сончево и топло време, но во попладневните часови повторно ќе има услови за локална нестабилност. Наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а максималната температура ќе се движи од 30 до 37 степени.