ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент во Тетово: Запалено возило и украден автомобил по серија настани

Инцидент во Тетово: Запалено возило и украден автомобил по серија настани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против едно лице од село Волковија, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со кражба, одземање моторно возило и предизвикување општа опасност.

Според истрагата, на 4 и 5 декември 2025 година, во село Брвеница, пријавениот наводно од домот на својата поранешна партнерка одзел клучеви од патничко возило.

Потоа, истото возило го запалил во селото, по што направил дополнителен инцидент – одзел уште едно возило од друго лице и се упатил кон село Волковија.

Случајот е во постапка, а надлежните работат на целосно расчистување на настаните.