ПРВ.мк
Црна Хроника

Итна мерка во Куманово – Отстранување од домот по серија закани

Итна мерка во Куманово – Отстранување од домот по серија закани

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Куманово, поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според информациите, пријавениот подолг период наводно вршел психичко насилство врз својата снаа, со која живеел во исто домаќинство, и ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот живот и безбедноста на другите членови од семејството.

Последниот инцидент се случил на 18 мај 2026 година, кога повторно ѝ биле упатени закани во семејниот дом.

По предлог на полицијата, Основниот суд во Куманово изрече итна мерка за отстранување од домот во траење од 30 дена.