Тешко е повредена 24-годишна скопјанка во сообраќајна несреќа што се случила на кружниот тек меѓу улиците „Христо Татарчев“, „Марко Орешковиќ“ и булеварот „Србија“ во Скопје.
Според информациите од СВР Скопје, несреќата била пријавена на 23 мај околу 10:10 часот, кога товарно возило „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 34-годишниот М.Р. од Скопје, веднаш по тргнувањето удрило во пешакот И.К. (24).
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.







