ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент што потресе Скопје: Малолетници удрија полицаец со мотоцикл - ова се деталите!

Инцидент што потресе Скопје: Малолетници удрија полицаец со мотоцикл - ова се деталите!
Kristal

Двајца малолетници, на возраст од 16 години, се приведени ноќеска во Скопје по инцидент со полициска патрола на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, соопшти МВР.

Според информациите, околу 00:10 часот полициските службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од еден од малолетниците. Кога му бил даден знак за запирање, возачот не застанал, туку се обидел да избега. Во текот на бегството, малолетникот удрил еден полициски службеник, при што тој се здобил со повреди.

Мотоциклот брзо бил запрен, а двајцата малолетници биле приведени. Според полицијата, сопатникот се однесувал агресивно при интервенцијата.

По целосно документирање на случајот, против двајцата малолетници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

FixCredit
Escape