Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) заплени и уништи 150 килограми месо со изминат рок на употреба, без декларација и со непознато потекло.
Акцијата била спроведена во соработка со СВР Гостивар, а официјални ветеринари на АХВ го пронашле месото на приватен имот во гостиварското село Чајле.
Според информациите од Агенцијата, запленетото месо немало соодветна декларација, било со поминат рок и не можело да се утврди неговото потекло.
Целата количина од 150 килограми била одземена и нештетно уништена на депонијата „Русино“.






