ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРУПА МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАЛЕ ВРСНИК: Вознемирен татко пријавил во полиција дека синот му бил претепан!

ГРУПА МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАЛЕ ВРСНИК: Вознемирен татко пријавил во полиција дека синот му бил претепан!

Група малолетници физички нападнале момче на нивна возраст на улица во Битола. Инцидентот бил пријавен во полиција од таткото на малолетникот, кој побарал случајот да биде истражен.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 12 часот во Секторот за внатрешни работи Битола била поднесена пријава од 48-годишниот П.Ј. од Битола.

Тој пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат на улицата „Борис Буџевски“ во градот.

Од МВР информираат дека полициските службеници преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот. Во рамки на постапувањето треба да се утврдат сите околности под кои се случил нападот и да се идентификуваат сите учесници во инцидентот.