ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРЦИЈА ВО ЦРВЕН АЛАРМ ПОРАДИ НЕВРЕМЕ: ЕВЕ ГО БРОЈОТ НА ЖРТВИ

ГРЦИЈА ВО ЦРВЕН АЛАРМ ПОРАДИ НЕВРЕМЕ: ЕВЕ ГО БРОЈОТ НА ЖРТВИ
Kristal

Силно невреме ја зафати Грција, предизвикувајќи трагедии и хаос на повеќе места низ земјата. Двајца загинаа во драматични околности: припадник на крајбрежната служба на Пелопонез и жена во Атина.

На Пелопонез, во градот Астрос, службеникот на крајбрежната служба загинал додека бил на должност на пристаништето. Силниот ветер и високи бранови го фрлиле во морето, по што повеќе не бил пронајден. Во атинската населба Глифада, жена која пеш се движела низ поплавена улица била однесена од поројната вода и загинала на лице место.

Невремето предизвика масивни поплави во Атика, поширокиот регион на Атина. Обилните врнежи ги блокираа централните булевари и повеќе улици, а сообраќајот е во прекин. Најтешко погодени се западните и јужните предградија, каде властите преку бројот за итни случаи 112 испратија пораки за евакуација поради излевање на локален поток.

Противпожарната служба примила над 600 повици за помош, а спасувачките тимови работат на теренот под екстремни услови.

Силното невреме ја потресе Грција од рано утрово и предизвика сериозни предупредувања за населението. Властите апелираат граѓаните да останат дома и да се воздржат од непотребно движење додека трае опасноста од поројни поплави и силен ветер.

Ситуацијата останува критична, а бројот на повреди или дополнителни загуби сè уште се утврдува.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo