ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ЗАГИНА ПОЗНАТ АКТЕР: Aвтомобил го прегазил на пешачки премин!

(ФОТО) ЗАГИНА ПОЗНАТ АКТЕР: Aвтомобил го прегазил на пешачки премин!

Американскиот актер Лари Поиндекстер почина на 66-годишна возраст, неколку дена откако бил повреден во тешка сообраќајна несреќа во близина на неговиот дом во Студио Сити, Калифорнија.

Според информациите објавени во медиумите, несреќата се случила во петокот вечерта, кога актерот ја преминувал улицата за да купи храна, а во него удрил автомобил. По инцидентот, Поиндекстер бил пренесен во болница, каде што останал неколку дена и чекал да биде подложен на хируршка интервенција.

Како што објави „Дедлајн“, актерот починал ненадејно пред лекарите да ја извршат планираната операција. Засега нема официјална изјава од неговото семејство, ниту се објавени дополнителни детали за несреќата и околностите во кои се случила.

Поиндекстер зад себе остави богата актерска кариера со речиси 200 улоги во филмови и телевизиски продукции. Особено беше познат по своите настапи во долгогодишната телевизиска серија „Денови од нашите животи“, во која во 1984 година го толкуваше ликот на Бен Велч, а години подоцна, од 2014 до 2018 година, се појавуваше и во улогата на отец Луис.

Неговата актерска кариера вклучуваше и појавување во серијата „Општа болница“, каде во 2005 година го играше д-р Ашер Томас во 12 епизоди, како и 23 настапи во популарната телевизиска серија „Санта Барбара“.

Со неговата смрт, филмската и телевизиската индустрија загуби актер кој со децении беше дел од бројни продукции и телевизиски приказни.