ПРВ.мк
Македонија

СПРЕЧЕН ГОЛЕМ ШВЕРЦ: Пронајдени 197 парфеми од познати брендови без документација!

СПРЕЧЕН ГОЛЕМ ШВЕРЦ: Пронајдени 197 парфеми од познати брендови без документација!

Полициски службеници во Кочани привеле 31-годишен жител на градот, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени речиси 200 парфеми од различни познати брендови, како и други производи за кои немал документација.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Д. (31) од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, предвидено во член 285 од Кривичниот законик.

При претресот на неговиот дом, кој бил извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 различни видови парфеми од познати брендови, како и повеќе козметички и други производи за кои осомничениот не поседувал никаква документација.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.