ПРВ.мк
Македонија

Светско признание во Дубаи: Македонија ја освои престижната награда за проектот „Безбеден град“

Светско признание во Дубаи: Македонија ја освои престижната награда за проектот „Безбеден град“

На официјалната церемонија во рамки на Светскиот полициски самит (World Police Summit 2026) во Дубаи, свечено беше врачена престижната меѓународна награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“, соопшти министерот за внатрешни работи.

Според објавата, ова претставува значајно светско признание за државата, за македонската полиција и за реформата со која се поставуваат нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

„Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво. Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта“, се наведува во пораката од Дубаи.

Во соопштението се додава дека ова признание не е крајната цел, туку дополнителна одговорност да се продолжи со уште поголема решителност кон главниот приоритет – намалување на бројот на сообраќајни несреќи, спречување на трагедии и заштита на што повеќе човечки животи.