ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Позната новинарка пронајдена почината во автомобил на само 46 години!

ТАЖНА ВЕСТ: Позната новинарка пронајдена почината во автомобил на само 46 години!

Грчката новинарка Марија Антонојанакис почина на 46-годишна возраст, откако во неделата била пронајдена без знаци на живот во својот автомобил во Ираклион, на островот Крит.

Антонојанакис беше долгогодишна новинарка на телевизијата KRITI TV и информативниот портал Neakriti.gr. Според информациите, таа била пронајдена во гаража во населбата Агиос Јоанис, каде што живеела.

Грчките медиуми објавија дека безбедносните камери ги снимиле нејзините последни движења. На снимките се гледа како влегува во зградата, се качува до својот стан, а потоа повторно се симнува во гаражата и влегува во автомобилот.

Кратко потоа била пронајдена без свест. Станарите веднаш повикале Итна медицинска помош, а лекарските екипи и спасувачите се обиделе да ја реанимираат, но и покрај нивните напори, не успеале да ѝ го спасат животот.

Според информациите објавени од KRITI TV, првичните сознанија укажуваат дека новинарката доживеала срцев застој. Нејзиното тело е пренесено во Универзитетската болница во Ираклион, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Според грчките медиуми, погребот на Марија Антонојанакис е закажан за денес во 16 часот во црквата „Свети Јован Кноски“ на островот Крит, каде семејството, пријателите и колегите ќе се простат од неа.

Најнови вести