ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Познат пејач пронајден мртов - откриени причините за смртта!

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Познат пејач пронајден мртов - откриени причините за смртта!
Kristal

Познатиот косовски пејач Шемси Красниќи, на јавноста попознат како Шеми, кој важеше за еден од водечките вокали на локалната рок-фолк сцена, е пронајден мртов во Приштина. Веста за неговата смрт предизвика силни реакции кај публиката и љубителите на музиката, особено меѓу оние кои со децении ја следеа неговата кариера.

Шемси Красниќи бил пронајден без знаци на живот во својот стан во попладневните часови, околу 15 часот. Според достапните информации, причината за смртта е срцев удар, кој настапил ненадејно. На местото пристигнала екипа на Итна медицинска помош, која ја констатирала смртта.

Починатиот пејач беше долгогодишен член и препознатливо лице на групата „Илирите“, бенд кој остави значаен белег на косовската музичка сцена. Групата е формирана во 1981 година, година која се смета за почеток на нивниот подем. Токму тогаш „Илирите“ ја ја издадоа и својата прва песна, насловена „Мерита“, која им донесе препознатливост и ги постави темелите на нивната понатамошна кариера.

Со заминувањето на Шемси Красниќи, музичката сцена губи уметник кој со години беше симбол на еден препознатлив звук и стил, а неговото дело ќе остане запаметено кај генерации слушатели.

FixCredit
Escape