ПРВ.мк
Црна Хроника

(Фото) Голема заплена во беровско: Приведено едно лице - полицијата со неверојатна заплена!

(Фото) Голема заплена во беровско: Приведено едно лице - полицијата со неверојатна заплена!

Полициски службеници од Струмица ноќеска околу 02:00 часот лишиле од слобода едно лице Н.Џ. од беровското село Двориште, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, акцијата се случила во близина на угостителски објект во Струмица, каде што било извршено прегледување на лицето и на патничко возило „Фолксваген Голф“ со беровски регистарски таблички, во кое тој бил затекнат.

При контролата, кај осомничениот била пронајдена бела прашкаста материја, за која во службен разговор изјавил дека се работи за кокаин.

Во возилото, во багажниот простор, полицијата пронашла и оружје, муниција и делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека се поседувани нелегално.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.