На 5 декември 2025 година, околу 18:40 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ бил приведен 38-годишниот Д.Ј. од Куманово. При редовна гранична контрола, полициските службеници утврдиле дека тој се наоѓа во евиденциите со активна мерка „апси“, распишана по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги Куманово.
По лишувањето од слобода, Д.Ј. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, кои го спровеле до Казнено-поправната установа Затвор Куманово за понатамошни постапки.

















