Група деца додека си играле во населбата Паси Пољана кај Ниш пронашле пиштол оставен во трева, во непосредна близина на основно училиште.
Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, децата веднаш ги известиле своите родители, кои повикале полиција. Оружјето било преземено, а за случајот било известено и Основното јавно обвинителство во Ниш.
Станува збор за револвер кој по изглед потсетува на модел со пократка цевка. За среќа, во него немало муниција.
Засега официјално не е утврдено дали станува збор за вистинско огнено оружје или за гасен или стартен пиштол. Тоа треба да го утврдат надлежните во текот на истрагата.
Местото каде што било пронајдено оружјето се наоѓа на околу сто метри од училишната зграда, што дополнително ги вознемирило локалните жители.
Полицијата и обвинителството треба да утврдат кому му припаѓа пиштолот, како завршил во тревата и дали евентуално бил поврзан со некое кривично дело.
До завршувањето на проверките, причините и околностите под кои оружјето било оставено на тоа место остануваат непознати






