ПРВ.мк
Црна Хроника

Патници се степале во авион поради плачење на бебе цел лет

Патници се степале во авион поради плачење на бебе цел лет

Двајца патници се вплеткале во тепачка на летот од Лондон до Лисабон поради постојаното плачење на бебе. Инцидентот избил откако авионот на „Рајанер“ слетал на аеродромот во Лисабон.

Иако бебето плачело во текот на целиот лет, конфликтот ескалирал додека патниците се подготвувале да излезат од авионот. Повикана е полиција, па патниците морале да останат во авионот додека службите да ги одведат учесниците во тепачката.

Портпаролот на „Рајанер“ за „Сан“ изјави дека екипажот повикал полициска помош поради недолично однесување на двајца патници. Компанијата истакна дека има политика на нулта толеранција кон вакви инциденти и ќе преземе решителни мерки против недисциплинираните патници.

Escape