Турски државјанин е пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 6 јуни околу 16:52 часот, кога во хотелска соба бил пронајден С.Е. (63) од Турција.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт. Според првичните информации, на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на точните причини за смртта.





