ПРВ.мк
Црна Хроника

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Го удрил со пиштол, па почнал да пука кон него!

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Го удрил со пиштол, па почнал да пука кон него!

Дваесет и тригодишен жител на Скопје пријавил дека бил физички нападнат од три лица во скопската населба Ѓорче Петров, по што еден од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку истрели, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера околу 05:30 часот во СВР Скопје од страна на С.Д. (23) од Скопје. Тој навел дека инцидентот се случил на 9 ноември 2026 година, околу 21:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров.

Според пријавата, С.Д. најпрво бил физички нападнат од Н.Т., Г.Ш. и Љ.Ш. По нападот, Н.Т. го удрил со пиштол, за кој постои сомнение дека најверојатно станувало збор за гасен пиштол.

Но, инцидентот не завршил тука. Н.Т. потоа испукал неколку истрели во воздух, како и во правец на пријавителот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавениот настан.

Најнови вести