ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Легендарниот олимписки шампион пронајден мртов

Трагедија: Легендарниот олимписки шампион пронајден мртов

Норвешката и светската спортска јавност се простуваат од Олаф Туфте, двократен олимписки шампион во веслање, кој почина на 50-годишна возраст.

Според информациите, Туфте бил пронајден на својата фарма, на околу 80 километри од Осло. По повикот до итните служби, бил организиран итен транспорт со хеликоптер до болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Причината за смртта засега не е соопштена.

Зад себе ги остави сопругата Аина и нивните две деца.

Туфте важеше за најуспешниот веслач во историјата на Норвешка. Олимписко злато освои во дисциплината скиф на Игрите во Атина 2004 и Пекинг 2008, а покрај тоа освои и сребро во Сиднеј 2000 и бронза во Рио 2016. Во својата богата кариера двапати беше и светски шампион.

Од Светската веслачка федерација се простија со емотивна порака, истакнувајќи дека Туфте бил бескомпромисен натпреварувач на вода, но и голем пријател надвор од спортските терени.

Во соопштението се потсетува и дека бил добитник на Медалот „Томас Келер“, највисокото признание што се доделува во светот на веслањето.

„Нашите мисли се со семејството на Олаф Туфте, Веслачката федерација на Норвешка и целата веслачка заедница“, порача Светската веслачка федерација.