ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА ВО БУТЕЛ: Залутан куршум предизвика паника - еве каде заврши!

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА ВО БУТЕЛ: Залутан куршум предизвика паника - еве каде заврши!

Во скопската населба Бутел е регистриран опасен инцидент во кој, според пријавата, заталкан куршум оштетил возило паркирано во двор од семејна куќа.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера околу 10:50 часот во СВР Скопје од страна на Г.Ш. (63) од Скопје. Тој пријавил дека на неговото возило марка „сеат“ со скопски регистарски ознаки било оштетено предното ветробранско стакло.

Како што наведува пријавата, оштетувањето било предизвикано од заталкано зрно од огнено оружје, кое завршило во дворот од куќата, при што го погодило автомобилот.

Инцидентот предизвикува дополнителна загриженост поради фактот што станува збор за густо населено подрачје, каде вакви појави можат да претставуваат сериозна опасност за граѓаните.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на испуканиот куршум, како и околностите под кои тој завршил во станбениот двор.