Во белградската населба Сурчин вечерва околу 18 часот се случил тежок и насилен инцидент, во кој е повреден кинески државјанин, пренесуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации, жртвата се здобила со убодни рани во пределот на раката и ногата, најверојатно нанесени со нож, по што веднаш била пренесена во Ургентниот центар, каде му се укажува лекарска помош.
Инцидентот, како што се наведува, се случил во внатрешноста на еден локален трговски објект, каде во моментот се наоѓал повредениот.
Очевидци и неофицијални извештаи наведуваат дека во продавницата изненадно влегле двајца непознати мажи, кои веднаш физички и со остар предмет го нападнале кинескиот државјанин. По нападот, тие продолжиле да го удираат, а потоа побегнале во непознат правец.
На местото на настанот брзо пристигнале екипи на итна помош и полицијата, кои извршиле увид и започнале истрага за идентификација и пронаоѓање на напаѓачите.







