ПРВ.мк
Црна Хроника

ЕКСПЛОЗИЈА КОЈА ГО ПОТРЕСЕ СОСЕДСТВОТО: Работник загина во фабрика за оцет, уапсени сопственикот и двајца одговорни лица!

ЕКСПЛОЗИЈА КОЈА ГО ПОТРЕСЕ СОСЕДСТВОТО: Работник загина во фабрика за оцет, уапсени сопственикот и двајца одговорни лица!

Тешка несреќа ја потресе Грција, откако силна експлозија одекна во фабрика за производство на оцет во близина на градот Коринт. Во инцидентот загина 67-годишен работник, а полицијата уапси тројца лица кои се сомничат за можна одговорност за трагедијата.

Според информациите на грчките медиуми, експлозијата се случила додека работникот извршувал заварувачки работи во близина на систем за снабдување со течен нафтен гас. Во моментот на несреќата дошло до силна експлозија, по што работникот починал на местото на настанот.

Во инцидентот бил повреден и уште еден 37-годишен маж, кој се здобил со изгореници на едната рака и му била укажана медицинска помош.

По несреќата, грчката полиција ги привела сопственикот на компанијата, 47-годишен маж, 46-годишниот одговорен за безбедноста во фабриката, како и 46-годишниот раководител на производството.

Надлежните органи започнаа детална истрага за да се утврди што точно ја предизвикало експлозијата и дали во фабриката биле почитувани сите законски пропишани мерки за безбедност при работа.

На случајот работат истражители од противпожарната служба, меѓу кои екипи од Одделот за истраги на пожари во Коринт и Дирекцијата за истраги на пожари, кои собираат докази и ги проверуваат сите околности околу несреќата.

Тројцата уапсени ќе треба да дадат исказ пред обвинител, додека истрагата продолжува со цел да се утврди дали станува збор за несреќен случај или постоеле пропусти во безбедносните процедури.