Триесетгодишна жена пријавила во полиција дека нејзиниот братучед влегол во нејзиниот дом во скопската населба Кисела Вода, каде што физички го нападнал нејзиниот сопруг, а потоа се однесувал недолично кон неа.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 30 мај околу 23:40 часот. Во пријавата е наведено дека најпрво дошло до физички напад врз сопругот, по што осомничениот ја допирал жената по телото.
По настанот, лицето го напуштило местото на инцидентот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.








