Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Вера Јоциќ“ и „Народни Херои“.
Според информациите, патничко возило „Опел Зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А. (55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, која ги документирала сите околности за понатамошна постапка.
Овој инцидент уште еднаш ја отвора темата за безбедноста на пешаците во Скопје, особено на крстосниците каде што сообраќајниот метеж и невниманието на возачите често доведуваат до трагични последици.






