Необичен и потенцијално опасен случај бил пријавен во Скопје, откако 69-годишна жена открила предмет што наликувал на рачна бомба додека расчистувала во својот дом.
Според информациите од полицијата, скопјанката пријавила дека ден претходно, околу 10 часот наутро, додека чистела шкаф во кој се чувал алат во семејната куќа, забележала сомнителен предмет.
Како што навела во пријавата, на пронајдениот предмет имало ознаки „СРБ“ и „БР. М75 школска“, поради што веднаш се посомневала дека станува збор за експлозивна направа и го известила Министерството за внатрешни работи.
По добиената пријава, надлежните служби презеле активности за проверка на случајот и безбедно постапување со пронајдениот предмет.
Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на сите околности поврзани со пронаоѓањето на направата, како и на утврдување како таа се нашла во семејниот дом.
Засега не се соопштуваат дополнителни детали, а истрагата продолжува.






