ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна несреќа на автопат – фотографиите ја шокираа јавноста!

Страшна несреќа на автопат – фотографиите ја шокираа јавноста!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на обиколницата околу Прага, каде во судир на повеќе товарни возила учествувал и камион на транспортна компанија од Србија.

Несреќата се случила на автопатот Д0, на делницата меѓу Модлетице и Јесенице, една од најфреквентните сообраќајници во близина на чешката престолнина. Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот бил значително отежнат неколку часа.

На местото веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари, полиција и медицински хеликоптер, кој слетал директно на автопатот за побрза интервенција.

Според информациите од чешките медиуми, еден од возачите останал заглавен во кабината по силниот удар, поради што спасувачките служби морале да интервенираат за негово извлекување.

Особено внимание привлекол камионот управуван од возач од Нови Пазар, чија кабина била речиси целосно уништена. И покрај драматичните сцени и големата материјална штета, возачот успеал да преживее и се здобил само со полесни повреди.

По лекарските прегледи било утврдено дека неговата состојба е стабилна и дека нема животозагрозувачки повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Фотографиите од уништеното возило брзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина го опишуваат преживувањето на возачот како вистинско чудо. Чешката полиција продолжува со истрагата за утврдување на точните причини за несреќата.