ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Момче со месеци принудувало малолетно девојче да му праќа голи снимки - еве со што и се заканувал!

СЛУЧАЈ ШТО ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Момче со месеци принудувало малолетно девојче да му праќа голи снимки - еве со што и се заканувал!

Во Скопје е пријавен вознемирувачки случај во кој 12-годишно девојче подолг период било принудувано преку закани да испраќа експлицитни фотографии и видеа на друго малолетно лице, информираат од полицијата.

Случајот во полиција го пријавила 35-годишна мајка, која навела дека нејзината ќерка од март 2026 година до денот на пријавата била изложена на притисок и закани преку мобилна апликација. Според пријавата, малолетникот од другата страна ја принудувал да испраќа интимни содржини, што го правел подолг временски период.

Од МВР потврдуваат дека пријавата е евидентирана на 13 мај 2026 година во СВР Скопје и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Бидејќи станува збор за малолетни лица, институциите засега не откриваат дополнителни детали за идентитетите и возраста на осомничениот.

Овој случај е дел од поширока серија на загрижувачки инциденти меѓу малолетници во Скопје и другите градови, што повторно ја отвора темата за насилството и дигиталната злоупотреба меѓу децата.

Во последниот период се регистрирани и други сериозни инциденти, меѓу кои физички напади меѓу ученици и случаи на врсничко насилство снимано со мобилни телефони. Посебно внимание привлече и тежок инцидент во училиште во скопската населба Ченто, каде тинејџер беше избоден со нож и се здоби со тешки повреди.

Од полицијата најавуваат дека сите случаи се под истрага и дека по нивното целосно расчистување ќе следуваат соодветни мерки согласно законските прописи.