ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Пожар избувнал во стан во Гази Баба - еве што го предизвикал пожарот!

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Пожар избувнал во стан во Гази Баба - еве што го предизвикал пожарот!

Пожар избувнал рано утринава во стан на улицата „Разлошка“ во населбата Скопје, на подрачјето на Гази Баба, информира полицијата.

Според пријавата во СВР Скопје, пожарот настанал околу 05:54 часот во стан во кој како потстанар живеела 22-годишната Х.С. од Скопје.

Причина за пожарот, според првичните информации, била запалена свеќа. Во инцидентот девојката се здобила со повреди на раката, кои ѝ биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од Бригада за противпожарна заштита Скопје информираат дека пожарот бил навреме изгаснат, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.