ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во Скопје: По напад врз мајката, син со нож го убил таткото - ова се деталите

Драма во Скопје: По напад врз мајката, син со нож го убил таткото - ова се деталите

Семејна трагедија се случила синоќа во Скопје, каде 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко по расправија што претходно започнала со семејно насилство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, починатиот во моментот на настанот бил под дејство на алкохол и физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, која е мајка на осомничениот.

Во обид да ја запре расправијата и да ја заштити мајката, 31-годишниот син наводно му нанел убодни рани на својот татко. Настанот бил пријавен околу 22:35 часот во семејниот дом, а полициски екипи веднаш излегле на местото. Осомничениот бил приведен околу 23 часот.

Жената, која се здобила со повреди при нападот, била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а истрагата продолжува. Надлежните треба да ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичниот настан.