ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО: 71-годишен скопјанец исчезнал откако скокнал по веслата - спасувачките екипи на терен!

ДРАМА ВО ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО: 71-годишен скопјанец исчезнал откако скокнал по веслата - спасувачките екипи на терен!

Голема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница. Случајот бил пријавен во СВР Битола околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните сопатници останале на езерото под драматични околности.

Според пријавата, околу 12:20 часот, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани, каде што подоцна полицијата го затекнала Б.Ј., кој помогнал во алармирањето на надлежните.

На терен се мобилизирани полициски служби, а во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“, кои интензивно трагаат по исчезнатиот скопјанец.