Во раните утрински часови денеска бил пријавен инцидент во продажен објект на улицата „Тале Христов“ во Скопје, каде три лица насилно влегле во објектот и предизвикале пожар.
Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен околу 04:05 часот, по што полициски службеници веднаш интервенирале на местото.
Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат од страна на полицајците, но при интервенцијата двајца полициски службеници вдишале чад и биле пренесени на Клиниката за токсикологија во комплексот „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.
Надлежните извршиле увид и преземаат мерки за идентификација на сторителите и целосно расчистување на случајот.







