ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛЕН НАПАД ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА ВО РЕГИОНОТ: Претепале 71-годишен маж и му одзеле 20.000 еврa

БРУТАЛЕН НАПАД ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА ВО РЕГИОНОТ: Претепале 71-годишен маж и му одзеле 20.000 еврa

Обвинителството во Панчево отвори истрага против две лица, осомничени дека извршиле разбојништво врз 71-годишен маж, при што со употреба на сила му одзеле 20.000 евра.

Според сомнежите, нападот се случил на 7 јуни во утринските часови на улицата „Синѓелиќева“ во Панчево. Осомничените физички го нападнале мажот, нанесувајќи му полесни повреди на лицето и рацете, а потоа му ги одзеле парите со намера да стекнат противправна имотна корист.

По нивното приведување, обвинителството спровело распит, а Вишиот суд во Панчево му одредил 30-дневен притвор на еден од осомничените. Како причина за мерката се наведуваат опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.

Истрагата продолжува, а надлежните органи работат на целосно расчистување на сите околности поврзани со овој случај.