На 2 октомври 2026 година, околу 02:50 часот, во Полициското одделение Маврово, 24-годишна девојка од кочанско село пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Г. (40).
Според пријавеното, по нападот врз девојката, 40-годишниот маж физички го нападнал и нејзиниот пријател С.П., кој се обидел да ја заштити.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавениот и за целосно расчистување и документирање на случајот.







