Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Грција и остави едно семејство во болка и очај. На покраинскиот пат Катерини-Дион, автомобил со мајка и нејзините две ќерки излетал од коловозот и се забил во дрво, по што настанала вистинска трагедија.
Помалото девојче починало на самото место, додека нејзината постара сестра со тешки повреди била пренесена во болница. Лекарите ја опишуваат нејзината состојба како сериозна, но засега стабилна. Мајката, која ја изгубила контролата врз возилото под нејасни околности, се здобила со полесни повреди.
Семејството живее во Германија, но дошло во Грција на одмор и во посета на роднини. Автомобилот со кој се случила несреќата бил во сопственост на свекрвата на жената, а трагичниот настан се случил кога таа тргнала на шопинг со децата.
По несреќата, мајката била приведена, но по налог на обвинител била пуштена. Алкотестот покажал негативен резултат, но дополнително било утврдено дека ниту таа, ниту двете деца не користеле безбедносни појаси во моментот на несреќата – факт кој уште повеќе ја засилува трагичноста на овој случај.
Регионoт е во шок, а јавноста во Грција ја следи битката за живот на постарата сестричка, надевајќи се на нејзино целосно закрепнување.