Полицијата во Битола лиши од слобода 51-годишен маж по сериозен инцидент кој се случил во семејниот дом, каде што е осомничен дека физички ја нападнал својата сопруга.
Според информациите од СВР Битола, осомничениот Т. С. наводно употребил предмети од домаќинството, при што жената била нападната со метален дел од правосмукалка, како и со дрвена рачка од џогер. По интервенцијата на полицијата, лицето било приведено и против него е поведена соодветна постапка во координација со надлежните институции.
Од Основниот суд во Битола е одредена мерка притвор, по проценка на околностите и сериозноста на случајот.
.Овој настан уште еднаш ја отвора темата за семејното насилство, кое не смее да се третира како приватен конфликт, туку како сериозно кривично дело. Институциите имаат клучна улога во навремена реакција, заштита на жртвите и спречување на понатамошна ескалација на вакви случаи







