ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА СООБРАЌАЈКНА НЕСРЕЌА! Тинејџер го загуби животот, има повредени - полицијата ги откри првичните информации!

СТРАШНА СООБРАЌАЈКНА НЕСРЕЌА! Тинејџер го загуби животот, има повредени - полицијата ги откри првичните информации!

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на патниот правец Тутин–Лесковац, во местото Веље Поље, при што животот го загубил 19-годишен млад човек со иницијали А. А. Возачот на автомобилот во кој се превезувал е повреден.

Според неофицијални информации, несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности. Во неа учествувал патнички автомобил, а 19-годишникот се наоѓал на совозачкото седиште.

Младиот човек починал на местото на несреќата од здобиените повреди, додека возачот на автомобилот бил повреден.

Засега не се познати причините за трагичниот настан. Се очекува надлежните институции преку истрагата да ги утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.

Увидот е во тек.

Најнови вести