ПРВ.мк
Балкан

ЖЕНИ ОД БАЛКАНОТ УАПСЕНИ ВО АМЕРИКА! Полицијата им пронашла 100.000 долари - еве со каква трговија се занимавале!

ЖЕНИ ОД БАЛКАНОТ УАПСЕНИ ВО АМЕРИКА! Полицијата им пронашла 100.000 долари - еве со каква трговија се занимавале!

Две жени, 32-годишната Катарина Кековиќ и осум години постарата Маргита Вукчевиќ, биле уапсени во округот Оринџ, во американската сојузна држава Калифорнија. Според информациите објавени од медиумите, двете живеат во Ирвајн, а се сомничат за поседување повеќе од 100.000 долари поврзани со нелегални активности со дрога.

Според еден од изворите на „Вијести“, Кековиќ и Вукчевиќ се државјанки на Црна Гора.

Во евиденцијата на Шерифската служба на округот Оринџ е наведено дека двете биле уапсени на 9 ноември. Како правна основа за нивното апсење е посочен членот 11370.6 од Калифорнискиот закон за здравје и безбедност.

Оваа законска одредба се однесува на поседување повеќе од 100.000 долари во готовина или преносливи финансиски инструменти за кои лицето знае дека потекнуваат од нелегална трговија со дрога.

Законот опфаќа и поседување финансиски средства над наведениот износ кои се наменети за незаконско купување дрога, доколку се преземени конкретни чекори за реализација на таквата набавка.

Најнови вести