Комунален редар од Град Скопје завршил со скршеници на носот по сериозен инцидент што се случил ноќеска на булеварот „Илинден“ во Скопје.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, случајот бил пријавен во 00:10 часот во СВР Скопје.
Тројца комунални инспектори забележале три лица, при што едно од нив уринирало врз службено возило, по што го напуштило местото. По кратка расправија со вработениот И.С. (51), ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, при што двајцата се здобиле со повреди.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека лицата биле во алкохолизирана состојба и претходно уништувале јавен имот и уринирале врз возила на градски паркинг.
Според него, еден од нив подоцна се вратил пред објектот на Град Скопје, каде што продолжил со навреди и агресивно однесување, по што дошло до напад врз редарот.
Повредениот бил пренесен во болница каде му била укажана медицинска помош, а полицијата го документира случајот.
Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија најавуваат дека по целосно расчистување на настанот ќе следува соодветна пријава.







