ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕКИН ВО СООБРАЌАЈОТ: Поради сообраќајна несреќа затворен патот кај Речани - еве ги деталите!

ПРЕКИН ВО СООБРАЌАЈОТ: Поради сообраќајна несреќа затворен патот кај Речани - еве ги деталите!

Поради сообраќајна несреќа, во прекин е сообраќајот на патниот правец кај Речани, поточно на делницата од Хотел „Гарденија“ до вулканизер „Дине“.

Од надлежните засега нема дополнителни информации за тоа како се случила несреќата, ниту дали има повредени лица.

Полицијата и сообраќајните служби се на терен, а повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот и нормализирање на сообраќајот.