Во Буjановац се случил сериозен инцидент во кој ученик од трета година во Средното училиште „Свети Сава“ нападнал свој соученик и му нанел повреда во пределот на градите.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил во четвртокот околу 18:30 часот во близина на градскиот парк. На повредениот ученик веднаш му била укажана медицинска помош во Домот на здравје во Бujановац, каде што повредата била санирана.
Од училиштето потврдиле дека случајот се случил и дека се преземени сите законски предвидени мерки, додека подетално соопштение најавиле за почетокот на следната недела.
Според неофицијални информации, на инцидентот му претходела расправија меѓу ученици во училиштето. Конфликтот продолжил и надвор од училишните простории, по што ескалирал во физички напад.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.






