Хрватската полиција по интензивна 28-часовна потрага го уапси осомничениот за убиството на матурант во Дрниш, во акција која ги мобилизираше сите расположливи полициски сили.
Во потрагата биле вклучени стотици полицајци, специјални единици со долги цевки, дронови, хеликоптери и термални камери, а подготвени биле и преговарачки тимови во случај ситуацијата да ескалира.
Осомничениот бил лоциран на влезот во градот, на само околу 300 метри од куќата каде што, според сомнежите, се случило убиството. При апсењето давал отпор, поради што полицијата употребила сила за да го совлада.
Кај него биле пронајдени огнено оружје и нож со значителна должина на сечилото, што дополнително ја зајакнува сериозноста на случајот.
Истражителите веруваат дека осомничениот однапред се подготвувал за бегство и криење, користејќи различни методи за да ги отежни полициските кучиња во потрагата. Според сведоци, тој претходно купувал храна и други залихи, а се интересирал и за безбедносни камери во продавницата.
Жителите на Дрниш сметаат дека се криел во тешко пристапни делови од околината, каде добро го познавал теренот.
Полицијата продолжува со истрагата за целосно расветлување на мотивите и околностите околу трагичниот настан.






