ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ: Татко физички нападнал дете во Илинден - ова е казната што му се заканува!

СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ: Татко физички нападнал дете во Илинден - ова е казната што му се заканува!

Малолетник бил физички нападнат на игралиште во училишен двор во населба Илинден, а според пријавата, во инцидентот учествувал родител на друго дете.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 мај во 16:35 часот во Полициското одделение Петровец, 34-годишната Б.П. од село Марино, општина Илинден, пријавила дека околу 14:50 часот нејзиниот малолетен син бил нападнат додека се наоѓал на игралиште во училишниот двор.

Според пријавата, нападот го извршил Н.Т., татко на друго малолетно дете кое во тој момент било на игралиштето.

Се наведува дека децата претходно си играле заедно и имале кратка вербална расправија, по што ситуацијата ескалирала и завршила со физички напад од страна на родителот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.