ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕПАЧКА МЕЃУ УЧЕНИЦИ ЗАВРШИ ФАТАЛНО - 14-годишник со тешка повреда на бубрегот

ТЕПАЧКА МЕЃУ УЧЕНИЦИ ЗАВРШИ ФАТАЛНО - 14-годишник со тешка повреда на бубрегот

Четиринаесетгодишно момче е хоспитализирано во тешка состојба откако во петокот вечерта било нападнато од свој соученик во Врилисија, северно предградие на Атина, Грција.

Инцидентот се случил околу 22:30 часот на крстосница во населбата. Момчето при нападот се здобило со сериозни повреди, по што било пренесено во приватна болница, каде лекарите утврдиле повреда на бубрегот.

Според информациите од грчките медиуми, медицинскиот тим внимателно ја следи неговата состојба. Доколку дојде до дополнително влошување, лекарите разгледуваат можност за оперативно отстранување на оштетениот бубрег.

Полицијата го привела 14-годишниот осомничен за нападот откако таткото на повреденото момче поднел пријава. Бидејќи станува збор за малолетник, случајот ќе се води согласно процедурите што се применуваат за лица на негова возраст.

Во рамки на постапката била уапсена и мајката на осомничениот, поради сомнение дека не го надгледувала соодветно својот малолетен син. Таа подоцна била ослободена по налог на обвинителството.

Се очекува 14-годишниот осомничен во недела да биде изведен пред надлежните органи, каде треба да продолжи постапката за утврдување на околностите под кои дошло до нападот.