На 5 јуни 2026 година, околу 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.
Возилото го управувал 31-годишниот Е.П. од Кичево, при што при обид за полициска контрола, тој го стартувал автомобилот и се дал во бегство.
По преземени мерки од страна на полицијата, возилото подоцна било пронајдено и обезбедено. При проверка било утврдено дека возачот немал положено возачки испит, односно немал возачка дозвола.
Надлежните служби преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.









